Се самоуби продуцентот на Сити радио во Сараево

Познат активист во невладиниот сектор во Босна и Херцеговина, утрово околу 1:50 часот се фрлил од зграда во центарот на Сараево, јавува босанскиот портал Кликс.

Ермин Брдариќ со години работел во невладината организација Отворена мрежа која важи за една од најактивните во БиХ.

Тој бил и продуцент на Сити радио од Сараево и на радиото Отворена мрежа.

Информацијата ја потврдила и полицијата.