Се самоуби украинскиот пилот кого Русите го обвинија за уривање на малезискиот авион

Украинскиот воен пилот кого Русите го обвинија за уривање на авионот на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година извршил самоубиство во својот дом, информираат украинските медиуми.

Капетанот Владислав Волошин летел во својот борбен авион СУ-25 токму во моментот кога над Украина беше урнат малезијскиот авион на летот МХ17 во кој загинаа 298 лица.
Според медиумите, пилотот се убил со пиштол. Итната помош многу брзо стигнала на местото на трагедијата, но за Волошин немало спас, па тој почина во болницата.

Иако истрагата на холандските власти чии дрќавјани загинаа во летот наводно заклучила оти авинот бил погоден од територијата која била под контола на руските сепаратисти со ракета од типот „БУК“, Русија тврди дека авионот бил погоден со ракета о авионот што го управувал Волошин.

Украинецот одлучно ги отфрли обвинувањата, но неговите пријатели и соработници велат дека во последно време Волошин западднал во депрсија, иако Украинците го сметале за народен херој.

Тој учествувал во 33 борбени мисии во Источна Украина, а во последно време работел како шеф на аеродромот во Миколаив.