Се самоуби висок функционер на „Самоопределување“

Вчеравечер се самоуби организацискиот секретар на приштинскиот огранок на движењето „Самоопределување“, фрлајќи се од шестиот кат на зграда во близина на болница во Приштина.

Неговата партија изрази жалење за трагедијата и длабоко сочувство кон неговото семејство. Тој на партиската функција бил од 2012 година. Семејството Дехари по потекло е од Куманово.

Од полицијата изјавиле дека случајот се уште не може да го затворат и оти го чекаат обдукциски наод.