Се самоуби жена во Тетово

Педесет и шестгодишна жена од Тетово вчера се самоубила со бесење во подрумските простории на семејната куќа.

Како што информираат од полицијата, жената С.С. ја пронашол нејзиниот син кој веднаш го повикал соседот по што повикале Брза помош, но лекарите само констатирале смрт.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид на местото на самоубиството и при преглед на безживотното тело на С.С, не се пронајдени траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото му е предадено на семејството за погреб.