Балкан

Се самоубил откако девојката му го вратила прстенот

Се самоубил откако девојката му го вратила прстенот

Дамир Маринковиќ (27), воспитувач од Лесковац Србија, бил пронајден мртов покрај патот кој од центарот на градот води кон напуштениот хотел „Атина“.

Како што дознава српски „Курир“ Дамир најверојатно се самоубил затоа што девојката неколку дена пред тоа му го вратила прстенот со кој имал намера да ја запроси.

Трагедијата се случила во вторник попладне околу 400 метри пред приградската населба Бобиште каде Дамир живеел и работел како воспитувач во детска градинка.

Според извори од истрагата, сеуште не е јасно дали Дамир го извршил самоубиството на возачкото седиште во неговиот автомобил или излегол од возилото и пукал во себе на патот, каде бил пронајден во локва крв.

Неговото семејство и неговите колеги велат дека неговата врска со С.Н. била доста сериозна и долгогодишна љубов.

– Навистина не знаеме дали Дамир на таков чекор се одлучил откако С.Н. одбила да го земе прстенот. Тој не е таков. Но, знаете, тоа се специфични ситуации, велат вработените во градинката каде Дамир работел.