Крими хроника

Манијак пријавен во полиција Се самозадоволувал на автобуска во Карпош

Се самозадоволувал на автобуска во Карпош

Синоќа во полициската станица во Карпош било пријавено дека маж со спуштени панталони се самозадоволувал пред минувачи на булеварот „Партизански одреди“.

Настанот се случил околу 20.45 часот, а 25-годишната Ј.Т. која пријавила во полиција, рекла дека непознато лице со спуштени панталони се самозадоволува пред присутните граѓани. Во еден момент лицето седнало на клупа на автобуска постојка и ги вознемирило присутните.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.