Се самозапали студент од Тибет

Тибетски студент се самозапалил на 17 септември во градот Хезуо во североисточната кинеска провинција Гангсу, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Слободен Тибет“ со седиште во Лондон, објави МИА.

Ова е прв случај на самозапалување во последните пет месеци. Многу Тибеќани ги обвинуваат кинеските власти за верска и културна репресија, но Пекинг тврди дека тие имаат целосна верска слобода.

Пекинг истакнува дека вложил големи средства кои на Тибет му донеле модернизација и подобри животни услови.

Не се знае зошто момчето одлучило да се запали, но агенциите потсетуваат дека во знак на противење на кинеската администрација во Тибет од 2009-та година па наваму се запалиле околу 130 Тибетанци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.