Се санира читалната во „Гоце Делчев“, етапно се реконструира и студентскиот дом

Во врска со прилозите на дел од медиумите за состојбата на читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“, од Државниот студентски дом „Скопје“ информираат дека веќе се преземаат активности за санација на состојбата.

Во изминатиот период се вршеше набавка на потребните материјали за привремена санација на читалната, се додека не се изврши и целосна нејзина реконструкција, се вели во реакцијата.

Напоменуваат дека во тек е и реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, која се реализира етапно.

-Токму затоа апелираме на воздржаност од користење на сензационалистички наслови во известувањето за студентскиот стандард од страна на медиумите, стои во реакцијата.