Се санира надворешната површина на мостот „Гоце Делчев“

Се санира надворешната површина на мостот „Гоце Делчев“
Се санира надворешната површина на мостот „Гоце Делчев“
Започнаа градежните работи за санација на надворешната површина на мостот „Гоце Делчев“. Заштитата на мостот се очекува да биде завршена за 150 работни дена.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека станува збор за прва санација и заштита на мостот од кога е изграден.

koce-trajanovski

-Со овој зафат онаму кај што има пукнатини на надворешната бетонска површина ќе бидат санирани. Има дел од арматурата која што е кородирана, ќе се направи антикорозивна заштита на арматурата на оние делови кај што била деградирана бетонската површина. Ќе се направи таа антикорозивна заштита и повторно ќе се нанесе слојот и мостот надворешно ќе биде саниран. Целта на оваа санација е да се оневозможи навлегувањето на надворешните води внатре во бетонската конструкција на мостот, истакна Трајановски.

most-goce-delcev-22

Градоначалникот посочи дека санацијата ќе се прави врз основа на експертска анализа на француската компанија „Фресине“.

– Фирмата „Фресине“, која е лидер во изработката на мостовски конструкции, во 2001 година изврши санација на конструктивните елементи на мостот „Гоце Делчев“, но при тој градежен зафат не беше санирана надворешната површина на овој мост, додаде Трајановски.

Во текот на градежните работи сообраќајот на мостот ќе се одвива без прекини и ограничувања.

Вредноста на оваа инвестиција е 11 милиони денари.