Македонија

Се санираат дефектите од невремето низ цела Македонија

Се санираат дефектите од невремето низ цела Македонија

Утрово на состанокот на Кризниот штаб се разговараше за коордирање акции за санирање на дефектите од невремето како и континуирано чистење на регионални и магистрални патишта.

-Патот од Скопје кон Велес е прооден и е отстрането е возилото кое вчера беше превртено. Јас таму вчера бев и на лице место. Денес јас заедно со претставници на МВР, ЕВН Директцијата за заштита и спасување ќе се упатиме на лице место на патниот правец Кичево-Охрид и ќе ги посетиме и градовите Охрид, Кичево и Струга бидејќи овој регион во моментов е најзафатен од невремето, истакна Јанакиевски.

На патот Кичево-Охрид во тек е отстранувањето на товарните возила, а сите луѓе кои се наоѓале во возилта се евакуирани во текот на вчерашниот ден, а министерот во текот на денот на терен ќе ја увиди состојбата.

-Од МЕПСО и ЕВН информираат дека има дефекти во регионите околу и во Охрид, Струга и Ресен и истакнуваат дека се работи на терен. За еден до два часа системот на МЕПСО ќе биде стабилен и за три до четири часа корисниците ќе имаат електрична енергија, додаде министерот.

Министерот апелираше до сите граѓани за сите информации и проблеми да се јават на телефонската бесплатната линија 195 во Центарот за управување со кризи каде ќе биде зголемен капацитетот на отворени линии, а за проблеми на патиштата на бројот на АМСМ 196.

-Сакам да испратам апел до локалните самоуправи активно да ги вклучат своите капацитети и да пристапат кон чистење на локалните патишта, подвлече Јанакиевски.

Координативното тело ќе биде во постојано заседување при што ќе информира за сите понатамошни активности, промени и состојни на терен.

-Во соработка со Црвениот крст, веќе се подготвени околу 500 пакети, Агенцијата за стокови резерви заедно со Министерството за здравство прават пакети со лекови, така да се подготвуваме доколку се случи поголемо невреме, истака тој.

Во наредниот период, се до сабота не се очекуваат обилни врнежи од снег но затоа се очекуваат ниски температури до -20 степени. Врнежи од снег, не очекуваат повторно викендов.

На состанокот на Кризниот штаб покрај министерот Јанакиески присуствувал и министерот за одбрана Зоран Јолески, претставници на МВР, ЕВН, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.