Се санираат дупки по главните улици

Екипите на ЈП „Улици и патишта”, по налог на Град Скопје во текот на изминатава недела интервенираа со ладна асфалтна маса и санираа голем дел од ударните дупки на главните улици и булевари.

Изминативе денови со петнаесетина тони ладен асфалт беа санирани ударните дупки на булеварите Борис Трајковски, Февруарски поход, Србија, Партизански одреди, Јужен булевар, Александар Македонски, Кочо Рацин и Јане Сандански, како и градските улици Ацо Шопов,Трета македонска бригада, Васил Ѓорѓов, Јордан Мијалов, Козле, Алија Авдовиќ, Павел Шатев,Скупи, а интервенирано е и на мостот Обединетите нации.

Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта” се целосно подготвени и опремени да интервенираат на сите булевари и улици кои се во надлежност на Град Скопје доколку се појави потреба.

Акцијата за зимското одржување на улиците со ладен асфалт ќе продолжи и понатаму, а деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта” ќе вршат санација на  ударните дупки на булеварите „Крушевска република” и „Кузман Јосифовски-Питу”.

ul1