Се санираат пристапните патишта до земјоделските парцели во 12 села во Пелагонија

Поради ова во Пелагонија започна санацијата на пристапните патишта во 12 села во општина Новаци.

-Бидејќи имавме многу дождови и оваа година е навистина дождлива, како и поради поплавите, овие полски патишта беа уништени. Поради тоа нашите земјоделци не можеа да пристапуваат кон своите имоти, односно до самото земјоделско земјиште и да го обработуваат. За таа цел ние со години наназад ја спроведуваме стратегијата за уредување и оспособување на полски патишта. Се работи за инвестиција од 100.000 евра. Тоа се средства од буџетот на општина Новаци. Ние постојано одделуваме средства за таа намена уште при дефинирањето на буџетот бидејќи се многу потребни овие зафати за нашите земјоделци кога ќе се земе во предвид дека многу семејства од нашите жители се занимаваат токму со земјоделие, вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Земјоделците велат дека поради оштетувањата на патот особено било тешко да се влезе во парцелите со земјоделска механизација.

-Многу беа оштетени од поплавите, а и оваа година се погоди малце поврнежлива, вели Илче Вајдевски, земјоделец.

По рамнењето на површините ќе следи тампонирање на пристапните патишта. целиот процес треба да заврши до 15 јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.