Се санираат штетите од поплавите во Делчево

Во Општина Делчево почна санацијата на штетите предизвикани од последните поплави.

Мостот на реката Желевица кај Тработивиште што го поврзува селото со православните гробишта е во фаза на санација. Однесениот насип е оспособен за пешаци, но по мостот уште не може да поминуваат моторни возила.

Забраната и ограничувањата за сообраќај на мостовите на реката Брегалница на улицата „Индустриска“ во Делчево и кај селата Тработивиште и Разловци остануваат во сила и понатаму.

Во санацијата на последиците од поплавите се вклучени Јавното претпријатие за комунални дејности и градежна меганизација на неколку приватни фирми.