Македонија

Се санираат штетите во Радовиш

Се санираат штетите во Радовиш

По вчерашните поплави во радовишко, состојбите полека се нормализираат. Општинските екипи интензивно работат на санирање на штетите и ставање во функција на патната и комуналната инфраструктура.

Градоначалникот Николов заедно со своите екипи денес преку целиот ден беше на терен каде што се увидоа направените штети, а се даде правец за понатамошно санирање на последиците од невремето.

Во санирањето на штетите се вклучени и екипи на ЈП Плаваја и од ТППЕ од Радовиш како и целата расположлива механизација на градежните компании од Радовиш. Тие од синоќа се на терен за да ги расчистат наносите од кал и песок по вчерашното невреме кое предизвика да се излеат повеќе реки. Денеска се работеше на санирање на мостот кај Тополница кој од надојдените во беше однесен. Приоритет на општината е да се стават во функција целата патна и улична мрежа со цел непречно да се одвива сообракајот.

Токму за ова денеска во посета на општина Радовиш беше и првиот човек на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски кој изворно се информираше за штетите со цел да се интервенира на поправка и ревитализација на патиштата во општината. Како што не информираше Градоначалникот Сашко Николов во најус можен временски период ќе биде остранет дефектот на стариот водовод.

Инаку вчерашното невреме предизвика дефект на водоснабдителните пумпи заради што во моментов жителите од горниот дел на Радовиш со вода се снабдуваат од новиот водовод. Освен во градот Радовиш, најпогодени од невремето се населените места Ињево, Тополница, нас. Дамјан, Воиславци, Јаргулица и Покрајчево, исто така големи штети претрпија и голем број на индистриски капацитети во Радовиш .

На денешната итна вонредна седница на Советот на општина Радовиш беше прогласена елементарна непогода.

Општина Радовиш упати известување до граѓаните, но и правните лица овие денови да ги пријават штетите по што општинската комисија за проценка ке излезе на терен за да изврши проценка. Пријавувањето може да се изврши и утре (недела) па се до среда . Штетите се пријавуваат со пополнување на пријава, а исто така лицата треба да достават лична карта и имотен лист (или договор за закуп).