Се скараа Славко Голужа и Урлих Вилбек

По завршувањето на полуфиналниот натпревар меѓу Данска и Хрватска на Европското првенство во ракомет, дојде до кавга на двајцата селктори за време на пресконгеренцијата

„Иако велев дека нема да го коментирам судењето, јас не можам да издржам – судењето беше понижувачко. Данска направи се за да се пласира во финалето. Се беше подредено за да се случи тоа. Ние дури вчера успеавме малку да отспиеме. Живеевме како животни, во три града“, грмеше Славко Голужа, селкторот на Хрватска.
Неговото излагање го прекина селекторот на Данска Урлих Вилбек, кој му реплицираше: “Ова не е фер-плеј. Ние не зборувавме за судиите кога игравме на првенството во Хрватска“. Потоа додаде: “Ова ми е најлоша прес-конференција во животот“.На крајот Голужа се извини тврдејки дека тоа го кажал со жешка глава.

Хрватска групната фаза ја одигра во Брондби, втората фаза во Архус, а полуфиналето во Хернинг.
Но, Данска, пак, на Светското првенство во Хрватска, 2009 г., мораше да настапува во четири града: групната фаза во Пореч, втората фаза во Задар, полуфиналето во Сплит, а финалето во Загреб