Се скарале за еднонасочна улица, па го прободел со нож

Во Скопје на улица „Љубљанска“ вчера при физичка пресметка беше повредено момче. Како што информира полицијата, додека В.Ќ.(20) и неговиот брат С.Ќ.(23) од Скопје со патничко возило „голф“ се движеле по еднонасочна улица, се пресретнале со друго патничко возило во кое биле две непознати лица, кои започнале вербална расправија.

Потоа физички ги нападнале, по што едното лице со нож му нанел расекотини на В.Ќ. по главата и телото.

Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје каде му е укажана лекарска помош.

По преземени мерки неколку лица се повикани на разговор, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.