Се скарале за предност во сообраќајот, па го прободел со нож

Дваесет и шестгодишниот Ш.М. од Непроштено, вчера околу 8.30 часот со нож бил нападнат во село Џепчиште од 63-годишниот Г.М. жител на тоа село.

На нападот му претходела вербална расправија помеѓу двајцата, околу нивното однесување во сообраќајот, зашто  повозрасниот со возило „Форд ескорд“ се движел зад пријавителот кој бил во возило „Мерцедес“.

Расправијата наеднаш излегла од контрола, а Г.М. со малечок нож му нанесол расекотина на левата подлактица, по што тие биле разделени од други лица, додека повредениот самиот заминал и се обратил за лекарска помош во тетовската клиничка болница.

Нешто подоцна, Г.М. повикан е  во Полициската станица Тетово, разговараено е со него, со потврда оздемен му е ножот и по целосното расчистување на сите поединости поврзани со овој случај, ќе се соочи со соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.