Спорт

Се соединија гигантите – РК Вардар и Македонски телеком со новогодишна соработка

Се соединија гигантите – РК Вардар и Македонски телеком со новогодишна соработка

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и ракомениот клуб Вардар оваа година достигнаа високи европски врвови. Македонски Телеком стана прв во Европа со целосна IP мрежа, Т-Мобиле прв во Македонија со 4G мрежа, додека Вардар стана шампион на СЕХА регионалната лига и влезе меѓу осумте најдобри во ракометната Лига на шампионите.

После тие успеси, некако логично следуваше да ги здружат своите сили за нови заеднички победи, на домашна и меѓународна сцена.

Резултат на тоа партнерство е учество на дел од ракометарите на Вардар во кампањата за новата Play Comfort постпејд понуда на Т-Мобиле со која се добива 6 GB најбрз 4G интернет, неограничени разговори кон сите мрежи, 20 часа Mobile MaxTV и бесплатен простор од 5 GB за чување и споделување на фотографии и видеа преку cloud услугата Loop за само 799 денари месечно.

За дополнително задоволство на своите корисници Т-Мобиле овозможи и неделни понуди на смартфони. Со оваа понуда во првата недела, за само еден денар може да се купи новиот Sony Xperia E1. За секоја онлајн нарачка на смартфон преку t-mobile.mk, се добивадополнителен попуст од 1500 денари и бесплатна достава до дома.

За Новогодишните празници сите нови корисници на 3 Max или Family Box, ќе уживаат во најдобрата телевизија MaxTV, 6 месеци бесплатно со дополнителна можност за купување Toshiba LED телевизор за само 500 денари месечно, на 24 рати.„Македонски Телеком и Т-Мобиле се едни од најголемите поддржувачи на спортот, културата и музиката во Македонија. Ракометарите на Вардар се идоли на многу млади во земјава, пример за истрајност и спортски дух и токму поради тоа се решивме да ги вклучиме во нашите промотивни активности. Сосема природно дојде соработката со Вардар, кој во моментов претставува најдобар спортски колектив во земјава со големи амбиции и планови, во кој препознавме квалитетен проект кој сакаме дополнително да го поддржиме на радост на бројните навивачи на овој клуб, голем дел и наши корисници. И понатаму ќе продолжиме да креираме уникатни понуди следејќи ги трендовите, и потребите на корисниците, со цел да им обезбедиме единствени моменти кои се вредни за споделување“, изјави Димитар Ковачевски директор за корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

„За да се остварат врвни резултати потребно е многу напорна работа и посветеност на секој поединец, но тоа не би било возможно без големата поддршка од сите кои го сакаат клубот. Партнерството на Македонски Телеком, Т-Мобиле Македонија и спортскиот клуб „Вардар“ со кое играчите на трите клуба – машкиот и женски ракометен клуб „Вардар“ и Фудбалскиот клуб „Вардар“ ќе го носат знакот на светски реномираниот бренд, и поддршката која ја добиваме, многу значи за нас, а истовремено претставува и силен поттик за да дадеме максимум на секој натпревар. Ние ракометарите ќе бидеме и првите корисници на оваа понуда, и можам да кажам дека навистина уживавме во создавањето на оваа кампања. Се радуваме на сите идни успеси, на понатамошната соработка со Македонски Телеком и Т-Мобиле, и ветуваме дека нема да разочараме“, изјави Стојанче Стоилов, пикер на РК Вардар и македонски ракометен репрезентативец.