Македонија

Се состана Кризниот штаб, ова е состојбата во Македонија

Се состана Кризниот штаб, ова е состојбата во Македонија

Во Министерството за транспорт и врски денеска се одржа состанок на Координативното тело за справување со кризи, при што се разгледа фактичката состојба на терен, како и најавите за нови обилни врнежи што не очекуваат во текот на викендов.

Според информациите од УХМР, во текот на попладневните часови и преку ноќта врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 40 л/м2 дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка.

Исто така ќе дува засилен повремено силен југозападен ветер кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час. Потоа продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините снег со послаб интензитет.

Според информациите за хидролошката состојба, подземјето веќе е полно со вода, така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд.

Како резултат на состојбата се очекува сливните подрачја, доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се превземаат превентивни мерки потребни за избегнување од евентуални несакани последици.