Свет

Се состанаа премиерите на Германија и Кина, Меркел и Ли

Се состанаа премиерите на Германија и Кина, Меркел и Ли

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се состанала со премиерот на Кина, Ли Кечијанг. Меркел предводи делегација од деловни луѓе во посета со цел јакнење на трговијата на овие два светски стопански гиганти.

Во својата седма посета на Кина од како е канцеларка, Меркел стигнала вчера, а денеска се состанала со кинескиот премиер во Големиот народен дом во Пекинг и изразила интересирање за областите во внатрешноста на Кина.

Меркел рекла дека разговорите ќе опфатат друштвени теми и човековите права. Таа ќе биде на состанокот на германско-кинеската комисија за стопанство и трговија и ќе се сретне со претседателот на Кина, Си Џипинг кој во март го посети Берлин, кога беа потпишани договори за соработка на Дајмлер и BMW со кинески партнери.

Можно е на дневниот ред да бидат преговори за Иран и нивниот нуклеарен програм, како и кризата во Украина. Кина и Германија се дел од шесточлената група која преговара со Иран за нивниот нуклеарен програм, а Ангела Меркел е клучна во обидите да се намали напнатоста и Русија да се поттикне на соработка, потсетува АП.

Меркел вчера разговарала со членовите на форумот на германско – кинеската група за дијалог, а била и на форумот за соработка на Германија и кинеските покраини во урбанизмот и ја посетила фабриката на Фолксваген, во која работат 7.300 луѓе.

Таа во вторник ќе одржи говор пред стундентите на Тсингхуа Универзитетот во Пекинг.

Кина и Германија, двата најголеми светски извозници, минатата година имале меѓусебна трговска размена во вредност од 140, 4 милијарди евра. Тоа ја прави Кина трет најголем трговски партнер на Германија, по што е дури и пред САД.