Се спроведуваат голем број проекти во патната инфраструктура

Во патната инфраструктура во тек се спроведуваат голем број на проекти, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој во одговор се осврна на големиот број проекти во патната инфраструктура, како што е изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица, во должина од 28 километри, проект кој во вредност од 210 милиони евра, а како што рече моменталниот прогрес на работите е околу 65,5%.

Вториот автопат кој го градиме Миладиновци-Скопје-Штип во должина од 47 километри или е во вредност од околу 206 милиони евра. 90% од трасата се пробиени а вкупниот прогрес на градежни работи изнесува 20 проценти и деновиве ќе започне и пробно асфалтирање на трасата, подвлече Мисајловски.

Почна асфалтирањето на дел од делницата на автопатот Кичево-Охрид
Почна асфалтирањето на дел од делницата на автопатот Кичево-Охрид

Автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри е инвестиција од околу 400 милиони евра, каде што се пробиени 45% од трасата, а денеска започна и пробното асфалтирање кај селото Врбјани.

Уште еден проект за изградба на автопат е Гостивар-Кичево, а тука сме во завршна фаза во разгледување на договорот за ЈПП и изработка на физибилити студија. Исто така имаме и изградба на автопатска делница Скопје-Блаце каде имаме одобрено грант од 1 милион евра за изработување на физибилити студија и основен проект кој очекувам дека ќе биде до крајот на годината, додаде тој.

Рехабилитацијата на проектот Велес-Катланово како дел коридорот 10 во должина од 23 километри и кој во моментов се гради е инвестиција од околу 6 милиони евра, каде што се завршени 80 % од работните активности.

Ќе започнеме со работа и на автопатската делница Смоквица-Гевгелија во должина од 10,15 км, а проектот ќе се финансира од ИПАРД и од Буџетот на Република Македонија, додаде Мисајловски.

Министерот подвлече дека низ Македонија покрај тоа што се градат нови автопати и патишта, се врши и рехабилитација на патиштата низ повеќе места во Македонија.

Имаме и изградба на експресен пат Штип-Радовиш во должна од 38 км и очекуваме почеток на градба на почетокот на 2016 година и е во вредност од околу 65 милиони евра. Уште еден експресен пат е во реализација, станува збор за патната врска од Градско до Прилеп, преку изградба на експресен пат од Градско-Росоман и Дреново во должина од 33,5 км , а проценетата вредност е околу 80 милиони евра, подвлече Мисајловски.

Покрај ова тој нагласи дека исто така планирана е и санација на свлечишта како и изградба на повеќе локални регионални патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.