Се средува паркот пред мостот кај Билјанини извори

Екипите на „Паркови и зеленило“- Охрид, интензивно го уредуваат паркот лоциран пред мостот кај каналот „Билјанини Извори“.

На локацијата од отстранетитe киосци ќе се засадува трева, а во најскоро време на целиот простор треба да се постави систем за наводнување.

Уредени се крошните од дрвјата и отстранети се суви гранки. Расчистена е и областа „Мазија“ која се наоѓа во близина на обновеното живеалиште на жолтиот локвањ.