Се сруши авион кај Нови Сад, загинаа двајца

Пилотот Тома Ѓорѓевиќ и еден негов сопатник загинаа денеска околу 13 часот кога спортскиот авион во кој се наоѓале се срушил во поле кај Бачка Јарка.

Авионот бил во сопственост на ДТД „Рибарство“ и бил нов SkyLeader 600 кој учевствувал во церемонијата на отворање на новиот аеродром во Ченеј.

До несреќата дошло при маневар на 100 метри, при што авионот ја изгубил потребната висина.