Се сруши германски борбен авион, пилотот прежиевал

Борбен авион „торнадо“ на германската војска се сруши недалеку од Кобленца на западот на Германија и двата пилота, безбедно го напуштиле авионот, соопшти денеска локалната полиција.

Во соопштението се наведува дека пилотите се здобиле со полесни повреди, но декa не се задржани на болничко лекување.

Остатоци од авионот се срушиле на автопатот во близина на несреќата, при што патот накратко беше затворен за сообраќај. Никој не е повреден во несреќата.

Авионот се срушил во ридски регион оддалечен околу 50 километри западно од Кобленца. Причините за несреќата се уште не се соопштени.