Се сруши рид врз автомобил, три лица се повредени

Три лица се повредени кога врз автомобилот во кој се превезувале се срушил дел од рид на патот од Бистрица кон Прибој во Србија, јавува Танјуг.

– Две лица се полесно повредени, една жена е потешко, но никој од нив не е во животна опасност, нела Едина Џиновиќ од „Патишта“, пренесува Танјуг.

Настанот се случил синоќа. Џиновиќ навела дека во тој дел од патиштата постојат нестабилни косини во карпите, кои што повремено се рушат, а особено по обилните дождови.