Се сруши воен авион во Франција, нема повредени

Францускиот борбен авион „мираж“ се сруши денеска во ненаселена област во текот на обука, а двата пилота безбедно катапултирале, соопштија француските воздухопловни сили.

Причината за падот се уште не е позната.

Уште еден ваков авион се сруши на 12 мај исто така при ваква вежба, на североистокот на Франција. И тогаш пилотот успешно се катапултираше.