Се сруши зграда во Лондон, една жена загина

Една жена загинала, а еден маж е повреден при уривање на зграда во центарот на Лондон, објави „АП“.

Двајцата се наоѓале во возило паркирано непосредно во близината на зградата. Властите водат истрага за причините за инцидентот.

Трагедијата се случила е во градското подрачје Холборн. Нема информации што го предизвикало уривањето на зградата.

Повредениот маж се наоѓа во болница и е во стабилна сосотојба.