Македонија

Се стабилизира состојбата во штипско

Се стабилизира состојбата во штипско

Според податоците од подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување реките се повлекуваат во своите корита и состојбата се стабилизира. Преку дирекцијата се ангажирани градежни машини за справување со непогодите – во Штип градежна Машина Багер за правење на одбрамбени насипи и расчистуване, во Радовиш утоварна лопата и камион.

Во Ново Село Штипско поставени се 100 веќи за спречено е понатамошно продирање на водата. Во Гевгелија превентивно е поставена цистерна со питка вода во случај да е загадена водата во водоводот.

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во републиката, со постојан контакт со локалната самоуправа и е подговена да во случај да има потреба активира дополнителна механизација за отстранување на последиците од врнежите.