Свет

Се стави ли крај на крвавата криза во Украина: Јанукович и опозицијата постигнаа договор

Се стави ли крај на крвавата криза во Украина: Јанукович и опозицијата постигнаа договор

Украинскиот претседател, Виктор Јанукович, и лидерите на опозицијата потпишаа договор, постигнат со посредство на Европската унија, кој што би требало да и’ стави крај на политичката криза и на крвавите протести во таа земја.

Јанукович претходно соопштил го поддржал одржувањето на предвремени избори со цел да се воспостави мир.

Европските претставници изјавиле дека демонстрантите се согласиле на тој договор.

Германското Министерство за надворешни работи преку „Твитер“ претходно наведе дека Мајданскиот совет, кој што го предводат демонстрантите „одлучи опозициските лидери да можат да го потпишат договорот со Јанукович“. Претставничка за медиуми на еден од лидерите на опозицијата изјавил дека лидерите на тие партии веќе биле пристигнати во кабинетот на претседателот и дека се подготуваат да го потпишат договорот.

„Би- Би- Си“ објави дека договорот на Јанукович и опозицијата содржи пет точки. Во првата точка, како што е наведено, договорено е во рок од 48 часа да биде одобрен и објавен законот со кој што се враќа Уставот од 2004-та година. Партиските потписници изразиле намера во рок од 10 дена да оформат коалициона влада на национално единство.

Според втората точка на договорот, веднаш се почнува со работа на уставните реформи со кои што се утврдуваат овластувањата на украинскиот претседател, на владата и парламентот, а таа работа би требало да заврши до крајот на септември оваа година.

Во третата точка од договорот е прецизирано претседателските избори да се одржат откако ќе се усвои новиот Устав, а најдоцна до декември оваа година.

Според четвртата точка, ќе биде спроведена истрага на неодамнешните насилство, со заеднички надзор на власта, опозоцијата и Европскиот совет.

Со последната петта точка е договорено властите да не ја влошуваат вонредната состојба и дека ќе се воздржат од насилства.