Се степале па го изрешетал со пиштол

Момче било изрешетано по тепачка, вчера во скопското село Студеничани, информираше МВР.

Според полицијата, околу 20.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во селото бил пронајден со повреди од огнено оружје Е.Ш.(28) од село Марино. Тој бил застрелан со повеќе истрели од огнено оружје од лицето К.А.(41) од Студеничани, од возило во движење. На настанот му претходела тепачка меѓу двајцата.

Е.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“,. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.