Се што треба да знаете за антицелулитната масажа

Антицелулитната масажа е најраспространетата метода што помага кај проблемите со целулитот, но пред да почнете со третманот прочитајте нешто за нејзините основи.

Освен што ги отстранува слоевите целулит, антицелулитната масажа благотворно дејствува и на подобрување на циркулацијата, ја затегнува кожата и позитивно делува на тонусот на мускулите во доста краток рок.

Меѓутоа ако се прави нестручно, може да дојде до создавање на подливи и модринки, „насобирање“ на целулитот на едно место и гмечење на истиот со што состојбата само ќе се влоши.

Обично се прави серија од 10 постојани третмани, но најдобро е да се консултирате со стручно лице кое кон вашиот тип на кожа ќе одлучи за бројот и за зачестеноста на повторувањата.

Секогаш се почнува од првиот ден по циклусот затоа што тогаш е најмала концентрацијата на естроген во организмот и водата најмалку се задржува и детоксификацијата е најуспешна. Антицелулитната масажа е специфична по тоа што не смее да ве боли и по масажата не би требало да имате модринки. Ако тоа ви се случува, тогаш ве масира нестручно лице. Се почнува со масажа на стомакот за да се отворат големите крвни садови и лимфните патишта, па потоа се преминува на нозете.

Третманите воглавно се состојат од пилинг и серум што ја забрзуваат циркулацијата и ослободуваат вода во меѓукелискиот простор. Н ајчесто разните пакувања и самата масажа траат околу 45 минути. На крајот пак се нанесуваат антицелулит гелови што помагаат во борбата против оваа појава.

Она што морате да го знаете е дека масерите не се семоќни и дека сите третмани на светот не можат да ви помогнат, ако не се храните правилно, не вежбате и не внесувате доволно течности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.