Се судел за ориз, добил срцев удар. Штипјанец се бори за живот

Шеесетгодишен штипјанец се бори за живот, откако вчера доживеал срцев удар на судско рочиште во основниот суд во Штип.

Тој се судел со познаник за нива со ориз, а сега се наоѓа во животна опасност.

Според штипската полиција, за брзо време пристигнала екипа на Брза помош која успеала со долга реанимација да го поврати во живот и безбедно да го пренесе во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.