Се судрија 150 автомобили, двајца загинати

Две лица загинаа кога поради густата магла дошло до судир меѓу 150 автомобили на автопат во јужна Холандија, соопшти денеска холандската спасувачка служба.

До судирот дошло во утринските часови на автопат кој ги поврзува јужните градови Гоес и Миделбург околу 150 км југозападно од Амстердам, пренесува АФП.

„Автомобилите од двете насоки на автопатот се судрија,“ изјави портпаролот на безбедносната служба Ханс Хубрегтсе.

На местото на инцидентот, осум километри од градот Гоес стигнале 50 амбулантни и други возила за помош.