недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 14

Се судрија автомобил и автобус на патот Удово – Демир Капија, почина едно лице

Поради сообраќајна несреќа на магистралниот пат Удово – Демир Капија утрово од 7.20 часот сообраќајот е во прекин во двата правци.

stop-police500

Поврзани вести

Поради сообраќајна несреќа на магистралниот пат Удово – Демир Капија утрово од 7.20 часот сообраќајот е во прекин во двата правци.

Од МВР за Нетпрес информираат дека сообраќајната несреќа се случила утрово околу 07.15 часот во близина на месноста „Света Петка“. Во несреќата се судриле патнички автомобил „фиат сеиченто“ со скопски регистарски ознаки и автобус на „Струмица Експрес“.

Во несреќата починала сопатничката во автомобилот Б.П. од Скопје.

Засега нема информации за состојбата на возачот на автомобилот и за патниците од автобусот. Од МВР најавуваат повеќе информации за подоцна во текот на денот.

Најчитани вести