Се судрија булдожер и такси во Србија, еден загинат

Еден маж загина, а тројца се повредени во судар на булдожер со такси вчера околу 17 часот на патот помеѓу Батајнице и Нови Бановац.

Како што пренесува порталот Блиц, едно лице по тешката сообраќајка загинало веднаш, а тројцара повредени се пренесени во болница.

Лекарите од итната помош велат дека еден од повредените е во тешка сосотојба.