Свет

Се судрија демонстрантите и полицијата во Мексико, најмалку 21 повреден

Се судрија демонстрантите и полицијата во Мексико, најмалку 21 повреден

Најмалку 21 лице е повредено, а неколку возила се запалени во судири меѓу полицијата и демонстрантите во мексиканската држава Гереро. Судирите настанале откако демонстрантите организирале концерт во знак на солидарност со 43 исчезнати студенти.

Полициски претставник изјави дека во судирите повредени се осум полицајци од кои петмина биле прегазени од автомобил. Меѓу повредените се студенти, наставници, родители на исчезнати студенти и двајца новинари.

Полицијата и демонстрантите упатија меѓусебни обвинувања за судирите во градот Чилпансинго, престолнина на Гереро.

Случајот со 43 студенти кои исчезнаа во септември, а претпоставки се дека се убиени откако на нарко-картели ги испорачале локални официјални лица, предизвика протести ширум Мексико.