Македонија,Крими хроника

Се судрија два автобуса кај Демир Хисар

Се судрија два автобуса кај Демир Хисар

Попладнево околу 16 часот, на патот Битола- Демир Хисар, кај местото викано Бели Мост во близина на селото Лисолај, се случи тешка сообраќајна несреќа.

Според полициски извори, во сообраќајката учествувале два автобуси со битолски регистарски таблички. По судирот еден од автобусите излетал од патот и се превртел во река.

Од полицијата ја потврдуваат сообраќајката и информираат дека голем број возила на Брза Помош се упатиле на местото бидејќи поголем број луѓе се жалеле на повреди.

Сообраќајот во моментов на овој патен правец е во прекин.

Порталот Здравство24.мк објави дека најмалку 15 лица се повредени, од кои тројца потешко.