Се судрија два воза во метро во Сеул, најмалку 170 повредени

Два воза се судрија во метро во Сеул, а повредени се 170 луѓе .Локалните медиуми јавуваат дека бројот на повредени може да достигне 70, додека Раша тудеј пишува дека се повредени барем 170.

Патниците на своите твитер профили ги објавија првите фотографии од местото на несреќата, каде што се гледа хаос на станицата во Сеул,  но има траги на крв на подот на возот.

Според овие извештаи, еден возел удрил во задниот дел на другиот, кој застанал меѓу двете станици при механички дефект, пренесува агенцијата „Јонхап“.

Несреќата се случила во време додека Корејците се уште ги оплакуваат жртвите на трагедијата на траектот во кој животот го изгубиле 300 лица.