Македонија

Се судрија македонски и бугарски автомобил, еден загина

Се судрија македонски и бугарски автомобил, еден загина

Едно лице загина, а седуммина се повредени, меѓу кои и четиригодишно девојче во тешка сообраќајкна незгода што ноќеска, околу два часот, се случила на обиколницата помеѓу тунелите Липак и Стражевица на  Ибарската магистрала кај Железник, кон Остружница.

Директно се судриле два автомобила со македонска и бугарска регистарска табличка. На лице место загинал бугарски државјаниин, на околу 45-годишна возраст. Девојчето се здобило со полесни повреди на главата.

Жена на околу 40 години се здобила со тешки повреди на главата, а лекарите ја затекнале во бессознание. Таа е префрлена на реанимација во Ургентниот центар.

Маж на 42-годишна возраст добил исеченици на глават. 36-годишен маж, пак, има повреди на главата и скршеница на десната потколеница. 50-годишен маж има повреда на глава, граден кош и стомак. 33 годишен пак се здобил со повреди на двете нозе и стомакот. Жена на околу 38-годишна возраст  е полесно повредена.