Се судрија седум возила, еден загинат и четворица повредени

Маж загина, а уште четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа на седум возила, која се случила рано утрово во 2:55 часот на магистралниот пат Битола – Прилеп, во близина на мостот на река Шемница.

Во истата најпрво учествувале две патнички моторни возила “хјундаи пони” и “ауди” и двете со битолски регистарски ознаки, додека пак поради лошите временски услови дошло до судир и на уште пет патнички моторни возила.

На местото на настанот од здобиените повреди починал Пеце К.(32) од возилото „хјундаи пони“, додека пак со повреди се здобиле уште четири лица.