Се судрија воен брод и танкер, 10 морнари исчезна

Десетмина морнари се водат како исчезнати, а петмина се повредени, откако денеска американски воен брод со судри со трговски брод источно од Сингапур, соопштија воено-поморските сили на САД, јави Би-Би-Си.

Четворица од петмината повредени биле веднаш префрлени со хеликоптер во болница во Сингапур, и се надвор од животна опасност.

Ракетниот разурнувач „Џон С. Мекејн“ се судрил со танкерот „Алник Ем Си“ на пат кон пристаништето на Сингапур. Според соопштението на ВМС „во моментот се спроведува спасувачка операција во координација со локалните власти“. Во акцијата учествуваат извлекувачи од Сингапур, воениот брод од флотата на Сингапур „Галант“, хеликоптери и полициски брод на сингапурската крајбрежна стража „Баскинг шарк“, но и хеликоптери Ем Ви „Оспри“ и Ес Ејч-60 „Си Хок“ од американскиот воен брод „Америка“.

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер дека неговите мисли и молитви се со морнарите од американскиот воен брод.

Ова е втор инцидент со американски ракетни разурнувачи во азиските води за помалку од два месеца.