Се судриле воз и сканија кај Кукуречани

На 05.07.2014 година во 16,15 часот на железничката пруга од ЖС-Градско кон ЖС-Кукуречани, на патен премин Кукуречани, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз бр.5221 (кој сообраќал на релација Градско-Гевгелија) управуван од машиновозачот Д.К.(1968) од Скопје и влекач-Сканија управуван од М.Н.(1980) од Кавадарци.

Од незгодата, нема повредени лица, а е причинета материјална штета.Во тек е увидот на лице место. Сообраќајот на тој дел од пругата се уште е во прекин.