Се трага по 16 месечната Елиф, специјалци го пребаруваат теренот околу Смиљковско езеро

Се трага по 16 месечната Елиф, специјалци го пребаруваат теренот околу Смиљковско езеро
Се трага по 16 месечната Елиф, специјалци го пребаруваат теренот околу Смиљковско езеро
Во вода, кал, под возила, планини од шут, уште од рани зори, специјалците „Тигри“ го пребаруваат реонот околу Смиљковското езеро, ја бараат 16 месечната Елиф, девојчето кое семејството во понеделникот попладнето го пријави во полиција дека исчезнало, во поплавата. „Тигрите“ вчера цел ден го пребарувале каналот, останале на терен до полноќ. Членови од семејството на Елиф, им кажале дека кобната вечер, детето во колата било со татко и кога водениот бран ги зафатил на обиколница, според нивното кажување детето било исфрлено во каналот. Но, освен кал и нечиста вода нуркачите од „Тигар“ во каналот не нашле ништо.

Министерот Чавков во изјава за Алфа, вели дека екипите на терен работат со специјална опрема и возила го пребаруваат секој метар на потегот Камник – Смиљковско езеро.

-Уште на почетокот, додека траеше невремето, сите полициски сили беа ангажирани особено специјалните единици со специјални возила и според моите информации успеале да спасат доста животи. Додека траеше невремето и непосредно по невремето, нашиот фокус беше кон пребарување на теренот, спасување лица и пронаоѓање починати лица – вели министерот Митко Чавков.

Од вчера бројот на загинатите во поплавите достигна до 22 лица, последната жртва, 12 годишниот Иван,  во понеделникот беше пријавена во полиција дека бил исчезнат и дека мртов го нашол татко му. Министерот објасни дека оперативниот штаб на МВР е отворен и дека во местата каде има прогласено кризна состојба специјалците се уште вршат претреси на теренот и пребарувања.

-Ние како МВР интензивно  работиме на претраги на просторот. На терен сме во постојана комуникација со граќани, со лица кои биле затекнати, додека траела непогодата на обиколницата и населените места сме во постојана комуникација имаме отворени линииза пријава на исчезнати лица, не би требало да се шпекулира со бројот на жртвите објаснува Чавков.

Министерот ја координира работата на подрачјето на Смиљковци, Црешево, Булачани, и Раштански пат, денеска на терен се ангажирани  35 припадници на ПЕП, 55 на АРМ, како и над 20 лица од приватни фирми. 60 припадници на специјалната единица денеска овде се ангажирани за патрола и потрага. Освен човечка сила има и механизација.