Се трага по мажот и автомобилот во Калиманци

Се уште се врши увид на локацијата кај вештачката акумулација Калиманци, каде вчера беше пронајдено тело на жена, информираат од Обвинителството.

По наредба на јавниот обвинител, врз пронајденото тело е извршена обдукција.

Телото е идентификувано како 31-годишната Т.С. од с. Дулица. Во близина на акумулацијата се пронајдени траги на автомобил, но се уште не се пронајдени ниту автомобилот, ниту друго лице во водите на езерото.

Надлежниот јавен обвинител интензивно работи на расветлување на причините за смртта.