Се трага по мажот кој се удави во Велешко езеро

Се уште се трага по мажот кој се удави во Велешкото езеро „Младост“, пренесе ТВ Нова.

Вчера околу 00:10 часот во СВР-Велес, И.Р. (26) од Скопје, го пријавил неговиот вујко Г.Д. (43) од село Петровец-скопско за исчезнат.

Имено Г.Д. кој бил заедно со уште тројца пријатели на 13.08.2016 година престојувале на Езеро „Младост-Велес“ и околу 19:00 часот влегол во езерото и потоа му се губи секаква трага.

Во временски период од 00:30 до 03:00 часот од страна на полицајци од СВР-Велес, како и роднини на Г.Д бил извршен преглед на теренот околу брегот на езерото, при што лицето не е пронајдено.