Се трага по напаѓачите на караулата Гошинце

Детали од истрагата не се откриваат, но првично се дознава дека дел од вештачењата и анализите на собраните траги од терен се завршени, објави ТВ „Канал 5“.

Според сознанија од  МВР,  рано е да се каже чии имиња би се нашле на кривичната пријава. На потег сега е и косовската страна. По вчераната средба во Приштина, каде што македонските полициски претставници на своите колеги им ги соопштиле сознанијата што ги имаат околу нападот во Гошинце, останува да се види колку ќе се вклучат и ќе помогнат во откривањето на сторителите.

Од седиштето на ЕУ денеска порачаа Македонија и Косово да одржат состанок на највисоко ниво, на кој треба да се договорат двете земји тесно да соработуваат во борбата со илегалните поминувања преку граница.

Инаку до сега многу пати македонско косовската граница ја користеа криминални структури кои илегално преминуваа и успеваа да и избегаат на полицијата.