Се укинува казната за Работнички

Арбитражната комисија на КФМ ја соопшти одлуката околу казната за КК Работнички, изречена од страна на Комесарот за натпревари, и исфрлувањето на најтрофејниот македонски клуб во најнизок ранг на натпреварување по прекинатиот дерби дуел со МЗТ Скопје Аеродром во „Градски Парк“, објавува Екипа.

Како и што се очекуваше, а согласно вчерашните најави, Арбитража одлучи за укинување на одлуката на Комесарот за натпревари при што предметот повторно се враќа на одлучување на првостепениот орган.