сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Се укинува шоуто „Ѕвездите на Гранд“

Извор близок на продукцијата за српски „Ало“ екслузивно открива дека по повеќе од десет години емитување, шоуто нема да постои. Новиот проект, според изворот, ќе биде во досега невиден формат и со ново име.

Се укинува шоуто „Ѕвездите на Гранд“

Се укинува шоуто „Ѕвездите на Гранд“

Последни вести

Директорот на продукцијата „Гранд“ Саша Поповиќ одлучи да укине едно од најгледаните балкански шоуа. Од септември веќе нема да има „Ѕвездите на Гранд“, туку ќе започне нов проект, во кој исто така ќе се натпреваруваат млади таленти.

Извор близок на продукцијата за српски „Ало“ екслузивно открива дека по повеќе од десет години емитување, шоуто нема да постои. Новиот проект, според изворот, ќе биде во досега невиден формат и со ново име.

Во него ќе остане истата жири-комисија која во моментот суди во „Ѕвездите на Гранд“, но со ново засилување.

За оваа цел ќе се гради ново студио, а продукцијата се надева дека овој проект ќе ги помести границите.

Потврда пристигнала и од самиот Поповиќ, според кој никој во светот не видел вакво нешто, какво што тој подготвува.

Најчитани вести