Македонија

Се укинуваат визите за службени и дипломатски патни исправи меѓу Македонија и Виетнам

Се укинуваат визите  за службени и дипломатски патни исправи меѓу Македонија и Виетнам

Во рамките на посетата на висока делегација предводена од зaменик претседателот на Социјалистичка Република Виетнам, Нгујен Ти Доан на  Република Македонија, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска, на  одржа одвоена средба со заменик министерот за надворешни работи на Социјалистичка Република Виетнам,  Ву Хонг Нам.

На средбата беа разменети мислења за билатералната и мултилатералната соработка, развивање на парламентарната соработка, како и за актуелните меѓународни и регионални прашања.

Двајцата заменици министри за надворешни работи, Драгана Кипријановска и  Ву Хонг Нам, ја потпишаа Спогодбата за укинување на визи за носителите на службени и дипломатски патни исправи.

Посетата претставува силен импулс за натамошно  продлабочување на пријателските односите меѓу двете држави и двата народи, пред се на економски план.