Се унапредува концептот за екстерно тестирање

Се унапредува концептот за екстерно тестирање. Во тековниот период, Владата најави дека повторно работи на подобрување на екстерното тестирање.

Во овој периот интензивно се подготвува новиот концепт за проверка на објективноста на оценувањето на наставниците и проверка на степенот на постигнувањата на учениците, со кој се очекува надминување на сите отворени прашања од изминатиот период и кој, по финалната формулација, ќе биде предложен на јавна дискусија.

Груевски: Се размислува за воведување измени на екстерното тестирање

Премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратенички прашања минатиот месец најави дека се размислува за воведување на некои измени и новитети кои имаат за цел да им се олесни на учениците екстерното тестирање, но сепак да се остварат позитивни резултати.

Она што сега се размислува е во правец да се даде можност да се полага наместо еднаш во годината да биде два пати или четири пати, да се воведе можност со повеќе проблемски прашања заради разбирање на суштината да се увериме дека ученикот не само што меморирал одредени работи туку добро ја разбрал суштината на материјата. Во овој дел може да дојде до израз и креативноста на учениците, што е исклучително важна работа. Се размислува и за тоа ако ученикот на екстерното  биде оценет  со единица  да може да  преполага доколку сака и воопшто ако не е задоволен од оценката на екстерното да добие шанса за преполагање, истакна Груевски.

Премиерот откри…